Партизан – Еурофарм Пелистер 23:25 (10:13)
Еурофарм Пелостер од Битола со победа во Белград против екипата на Партизан ја започна СЕХА лигата, во натпревар кој помина во знак на “пелисерци“, а победата е сосема заслужена иако во еден период белграѓаните имаа добри минути. “Пелистерци“вечерва се враќаат за Битола, а среда гостуваат во Скопје.
Отворањето на натпреварот беше изедначен за двете екипи, со цврсти одбрани и игра гол за гол. По неколки одбрани на Секељи и голови во мрежата на Партизан беше 6:10 во 21. минута. Потоа се одржуваше разлика од 4 или 5 гола, за на полувреме се замина со 10:13.
На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер во 35. минута имаше и 11:16, а потоа беше и 15:19. Партизан во средината на вториот дел дојде на 18:19, а следуваше и израмнување 20:20. Костески еднаш и двапати Граџан погодија за 20:23 во 55 минута, а до крај искусните ракометари на Еурофарм Пелистер ја одржуваа разликата за конечни 23:25.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мараш со 7, Граџан со 5 и Табоада со 4 гола.










