Еурфарм Пелистер со победа стартуваше во СЕХА лигата, го победа Партизан со 23:25), а на официјалната прес конфереција по завршувањето на натпреварот зборуваа тренерот Жељко Бабиќ и Јосип Периќ.
Жељко Бабиќ по натпреварот рече:
-Убаво е да се игра во Белград, посебно во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и ни направија да се чувствуваме како дома. Тоа не е мала работа. Што се однесува до натпреварот, мислам дека одлучи нашата дефанзива и смиреност. Кога противникот се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и заслужено победивме.
Во име на ракометарите по натпреварот говореше Јосип Периќ, кој мечот во Белград го заврши со вкупно три реализации од пет обида.
-Задоволни сме што победивме, бидејќи дојдовме по два бода и ја остваривме целта. Задовоство беше да се игра во ваква атмосфета и секоја чест за домашните фанови и за нашите навивачи кои дојдоа од Битола. Без нив овој натпревар немаше вака добар и немаше да бидеме вака мотивирани. Екипата на Партизан не намачи, но сепак ние сме поискусни и заслужено славевме.










