Екипата на Пелистер од Битола го промовира и шестото засилување за пролетниот дел на сезоната Првата фудбалска лига, а тоа е Нигериецот Удова Келвин Чукумва, кој беше на проба во Битола во изминатиот период, а на контролната средба постигна два гола.
Чукумва веќе го потпиша договорот со Пелистер и ќе биде дел од тимот на Секуловски, кој ќе се бори во најтешката битка, опстанок која е и повеќе од тешка.
“Пелистерци“ претходно потпишаа со Поповски, Али, Љамчевски, Стефановски и Торневски.
Викендов започнува пролетниот дел, а во Битола, под Тумбкафе, на стадионот “Петар Милошевски“ во 14:00 часот, гостува екипата на Работнички, а тоа ќе биде прва контрола на квалитетот на овој Пелистер.










