Со одигрување на последните кола завршија фудбалските лиги кои се во организација на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, а според комесарот за натпревари на сите три лиги, Златко Ралевски и последните кола се одиграле во предвидените термини, а сите средби се одиграле според пропозициите кои ги предвидува натпреварувачката комисија.
Во последното коло од Третата фудбалска лига – југозапад се постигнати следните резултати:
Фљамуртари – Преспа 2:0
Влазними – Охрид Лихнидос 4:1
Кравари – Кораби 1:5
Сатеска – Лирија 5:1
Велешта – Караорман 3:1
Октиси и Воска 2002 слободни
Првак во Третата фудбалска лига е екипата на Кораби од Дебар, а пехарот за првото место му го додели претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски.
Во општинската “А“ лига се постигнати следните резултати:
Пелагонија (Логоварди) – ДОСК 2:1
Светлост – Буково 0:3
Олд Бојс – Новаци 5:3
Лисолај – Поешево 2:2
Партизан (Добрушево) – Црна Река (Д.Чарлија) 2:2
Победа (Ивањевци) – Младост (Дедебалци) 3:0
Чагор – Карамани 4:0
Првак во општинската “А“ лига во сезоната 2017/18 е екипата на Поешево со вкупно 67 бодови.
Во општинската “Б“ лига се постиганти следните резултати:
Јени маале – Младост (Горно Оризари) 5:2
Напредок (Ношпал) – Меџитлија 3:2
Пелагонија Бел камен – Еленик Спорт 2:3
Пелагонија (Добромири) – Космос 3:1
Хајдук – Стрела 3:1
КСК – Пелагонија (Трап) 6:1






