Работнички (младинци) – Јени Маале 5:0
Екипата на Јени Маале од Битола во рамките на заочнатите зимски подготовки одигра пријателски натпревар на “Билјанини Извори“ во Охрид против одличната младинска екипа на Работнички. Овие два клуба веќе трет пат играат меѓу себе а тоа е поради одличната меѓусебна соработка.Екипата на Работнички ја води битолчанецот Вангел Алтипармаковски кој во моментот ја има една од најдобрите младински екипи тој кратко изјави:
-Во Охрид сме веќе 5 дена и предходно одигравме неколку подготвителни натпревари цел оваа сезона е да ја освоиме титулата. Овај натпревар против Јени Маале секогаш има посебно значење бидејќи сум од Битола и го следам овај клуб, иако аматерски секогаш се труди да биди на ниво на задачата и организациски и играчки.За Јени Маале изјава даде Петар Ристевски:
-За нас Јени Маале е посебна приказна секогаш се трудиме да одиме еден чекор понапред и мислам дека тоа добро го правиме. Како што било и предходно другарството и спортот на прво место а преку вакви натпревари додатно го засилуваме и тимскиот дух.