Press "Enter" to skip to content

Бронзени медали за Ангела Ристевска и Матеа Нолева во велеслалом на Маврово

Младите скијачи на Пелистер од Битола денес се натпреваруваа во велеслалом во рамките на “Лигата на надежи“ , на натпреварот кој се одржа на ски-патеката во ски-центарот “Заре Лазаровски“ на Маврово. 

Младите “пелистерци“ се претставија со пет натпреварувачи на ттрката во велесламом, а освоија две медали.Ангела Ристевска е третопласирана и освои бронзен медал, во категорија во “U14“, а исто така трето место освои Матеа Нолева во “U8“ категорија.

Утре на истата патека ќе се вози слалом, а од скијачкиот клуб Пелистер велат дека очекуваат нови медали.

More from ВестиMore posts in Вести »