Пелистер Волеј – Младост УГД 3:0
(25:17; 25:15; 25:20)
Ракометарките на Пелистер Волеј шеста година по ред се во 1/4 финалето од купот на Македонија. “Пелистерки“ синоќа во салата на Медицинското училиште во Битола ја победија убедливо екипата на Младост УГД од Штип со максимални 3:0.
Тренерот на Пелистер, Роберт Митковски по победата и пласманот во 1/4 финалето рече:
-Победата и продолжување на натпреаврите во Купот, го очекуваме, но морам да признам дека не игравме на посакуваното ниво. Но, убаво е кога играш слабо и победуваш. Мораме да бидиме самокритични и кога победуваме, зошто секоја наредна скала за минување ќе биди далеку потешка. Сепак Пелистер Волеј има доволно искуство и долго време е на сцената за да дозволи преголеми изненадувања.
Победата не беше доведена во прашање во ниеден момент, лидер во освоени поени беше Најдановска со 18, одбојкарките одиграа добро на блок со дури 9 директни поени, 17 ас поени.
Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 18, Ева Трпеновска 12, Ана Ивановиќ 8, Ивана Белокозовска 8, Михаела Цветановска 6 и Меланија Каралиоска 3.
[ngg src=”galleries” ids=”914″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”24″ order_by=”filename”]










