Унгарскиот ракометен клуб Татабања, во еден ден на нивната официјална страница потврди дека има четири засилувања кои доажаат од Еурофарм Пелистер од Битола. Потврдени се трансферите на Мараш и Обрадовиќ, а потоа на официјалниот сајт на Татабања е потврдено дека нивните ракометари од лето ќе бидат уште и Мартон Секељ и Јосип Периќ.
Средниот бек Јосип Периќ и голманот Мартон Секељи се новајлии во тимот на Татабања за следната сезона, имаа претходно го носеа дресот на тимот, Периќ за Татабања настапуваше во сезоната 2014/2015, додека Секељ го бранеше голот од 2016 до 2019. Мараш и Обрадовиќ за прв пат ќе го облечат дресот на Татабања ова лето по завршување на оваа сезона која е во тек.










