Денес на ски-патеката “Бегова – Копански“ се одржа традиционалниот “Пелистерски велеслалом“ во организација на ски клубот Пелистер од Битола во рамките на кој се одржа национално првенство во велеслалом на кое учествуваа млади скијачи од сите скијачки клубови од Македонија.Екипата на ски клубот Пелистер како беше и најавено учествуваше со 9 натпреварувачи, а сите од нив освоија медали, а златен медал, односно 1. место освои во категроија “U16“ Ева Милевска, која беше и фаворит за оваа трка на Пелистер.
Второпласирана во категорија “U8“ беше Матеа Нолева, второпласирана во категорија “U14“ беше и Ангела Ристевска, а во категорија “U16“ Ана Дабиќ исто така го освои второто место. Третопласиран во категорија “U12“ беше Јаков Мицевски.
Наградите на најдобрите им ги додели Наум Симјановски, претседател на ски клубот Пелистер, кој рече дека е задоволен од тоа како “извозија“ младите битолски скијачи, но за жал лошото време не дозволи поголем број на публика крај патеката, но се надева дека утре времето ќе дозволи одржување на слаломот и секако ревијалната трка за битолчани.
Тренерот на скијачите Марјан Нашоку е задоволе од денешните резултати за кои повтори дека се одлично подготвени и дека и утре очекува медали во слалом.
С.Р.