Press "Enter" to skip to content

Во Еурофарм Пелистер ќе игра и португалец, нов среден бек Вилсон Дејвис

Во Битола од идната сезона ќе настапува португалец, а се работи за среден бек Вилсон Дејвис кој ќе биде засилување на местото на Јосип Периќ, а за транферот преку соопштение се огласи клубот во кое се вели:

-Португалскиот среден бек Вилсон Дејвис е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Искусниот 33-годишен ракометар потпиша двегодишен договор со нашиот клуб, почнувајќи од сезоната 2022/23. Се работи за ракометар со огромно искуство во францускиот ракометен шампионат, каде што настапува од 2014 година. Дејвис во Битола доаѓа од Иври, а претходно ги носеше дресовите на Нант, Сесон Рен и Данкерк. На почетокот на кариерата Дејвис настапуваше за Спортинг, Ковадонга и Порто. Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер е роден победник, шест пати бил првак на Португалија, освојувач на Суперкупот на Португалија со Порто, а го освои и Лига Купот на Франција со Нант. За португалската репрезентација настапуваше цела една деценија, почнувајќи од 2009 година.

Дејвис е висок 192 сантиметри, тежок 95 килограми и ќе биде вториот Португалец во историјата на Еурофарм Пелистер, по Серхио Барош. Официјалното претставување на Вилсон Дејвис е предвидено за почетокот на сезоната 2022/23“, се вели во клупското соопштение. 

Дејвис е четврто засилување на македонскиот видешампион за следната сезона. Вчера клубот од Битола го официјализира Французинот Руди Сери, а претходно потпиша со Тунижанецот Хосни и Словенецот Лесјак. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »