Press "Enter" to skip to content

“Не окречи се сине и буди ми јачи сине…“ Раде Шербеџија со силна порака од истоимениот албум ја воодушеви битолската публика (фотогалерија)

Вечерва во Битола, во Центарот за култура легендарниот актер, режисер, поет и музичар Раде Шербеџија настапи пред публика од Битола, која беше составена од неколку генерации, со концерт во кој го претстави својот албум – „Ne okreći se, sine“, (издаден 2020 од  најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“).Познатиот актер, поет, музичар и режисер на сцената пееше, рецитираше поезија, кажа и анегдоти за својот „емигрантски“ живот во Лондон. Со „Елено ќерко, Елено“ која ја
сними пред неколку години за проектот на Тавитјан „Македонското срце
чука во 7/8“ ја разнежи публиката.
Промпвирани во Битола беа песните од албумот “Не окречи се сине“, врвно музичко достигнување кои носат пораки на пријателство и љубов, како што кажа Раде Шербеџија:-Пеам песни нови, песни стари, песни мои и песни на мои пријатели, а сите тие песни се исполнети со многу болка, копнеж, трепет, надеж, љубов…-„А, живот није исто што и поље пречи…“ Тоа е порака на оние кои доаѓаат после нас, да таа стаза, која ја помина мојата генерација, да ја поминат на свој начин. Затоа „Не окречи се сине и буди ми јачи сине“… пренесе силна порака до сите генерации Раде Шербеџија до публиката во која и имаше претставници од повеќе генерации, а тој успеа да допре до сите, со стиховите на неговите безвременски песни.Легендарниот југословенски и светски актер Раде Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот “Пред дождот“ на Милчо Манчевски,  беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност.На вечерашниот концерт во Битола докажа  дека е мултиталентиран уметник кој низ поетските стихови допре до битолската публика.  За крај со стиховите на култната „Не дај се Инес“ во салата на Домот на културата завладеа молк

Не дај се Инес

Не дај се годинама моја Инес

Друкчијим покретиме и навикама

Јер још ти је соба топла…Концерт во кој низ поезија и добра музика сите уживаа, а за тоа се погрижија покрај Шербеџија и неговиот бенд “Загребачки колодвор“.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »