Иако фудбалската сезона 2017/18 е завршена во сите лиги во организација на ФФМ и ОФС сепак утре љубителите на фудбалот кои ги следат фудбалските случувања во Битола ќе мпожат да проследат интерсен фудбалски натпревар. За што се работи Златко Ралевски, комесат за фудбалски натпревари при ОФС Битола, вели:
-Како што рековте фудбалската сезона е завршена и сите клубови ги завршија натпреварите, а така е и во Општинскиот фудбалски сојуз од Битола. Но, паралелно со правењето на анализи ние веќе се подготвуваме за наредната сезона. Па така утре на стадионот во село Кравари ќе се опдигра куп натпревар помеѓу екипите на Краваро која се натпреварува во Третата лига и екипата на Поешево која е првак во општинската „А“ лига.
Според Ралевски овој нетпревар ќе предизвика голем интерес и се очекува во Кравата и голем број на навивачи, како на домаќинот така и на гостинската екипа од Поешево.
За главен судија на овој куп натпревар е делегиран Дарко Котевски, а ќе му помагаат Пеце Кичевски и Горан Танчевски.
Делегат ќе биде Зоранчо Илиевски.






