По техничките прегледи и квалификациите кои се возеа во петокот и вчера, денес ќе се одржи трката на Отворениот шампионат на Србија, а ќе настапат и тројца битолчани Борче Костов – класа MX3 + MX Veteran, Христијан Станковиќ – класа MX2 и Михаил Бајовски – класа MX1.
-Како и секогаш кога патуваме од Битола до било која трка на Балканот е напорно, но ние веќе сме навикнати на такво темпо кога се во прашање трките. По квалификаиите кои поминаа добро се надевам дека денес ќе имаме добра трка сите тројца кои сме од Битола. Што се однесува пак до конкуренцијата секако дека ќе биде тешко до пласман кога е во прашање патеката во Чачак, но нема предавање и се надеваме на добар пласман, вели Борче Костов – Жолтио, по вибер комуникација од Чачак, Србија.
Инаку вистинско одмерување на силите на македонските и битолските мото-кросисти се очекува наредниот викенд за кога се закажани триките на патеката Лагово, крај Прилеп, која е прва трка во оваа натпреварувачка сезона.






