-Широкиот спектар на материјални показатели содржан во фондот на браќата Манаки, а во сопственост на Архивот, претставува солидна основа за да се пристапи кон нивно содветно вреднување, презентација и промоција во согласност со актуелната правна регулатива, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при денешната работна посета на Архивот на Северна Македонија, Подрачно одделение Битола.
Министерката Костадиновска-Стојчевска, придружувана од директорот на Државниот архив на Северна Македонија Емил Крстески и директорот на Кинотеката Владо Ангелов, во рамките на посетата на Подрачното одделение во Битола се запозна со Фондот 580: „Браќа Манаки – Битола 1853 – 1964“, за кој во согласност со Законот за архивско работење и Законот за заштита на културното наследство, како прва фаза, неопходно е да биде изработен елаборат за негова валоризација.
Во оваа смисла, содржината на фондот претставува солидна основа за тој, со акт за валоризација, да биде прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, односно национално богатство. Министерката Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека фондот депониран во оваа установа содржи материјални показатели кои се од непроценливо значење за филмскиот опус и приватните аспекти од животот на доајените на филмската уметност на Балканoт.

Министерката Костадиновска-Стојчевска го посети Архивот во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Никола Кочовиќ: вечер е важен натпревар, сите сме мотивирани за победа
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 17 степени
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- Прва победа во новата сезона на Пелистер Волеј, на промоцијата во Битола победен Фат Фан (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)





