Денес во спортската сала “Младост“ во Битола од рано наутро, а сеуште е во тек, Државно првенство во Модерни танци на Република Македонија на кое учествуваат сите клубови од државата, а домаќин е танцовиот клуб “Expose“ од нашиот град.

На ова првенство се појавија точно 2.050 натпреварувачи, а како се одвиваат натпреварите по категории така и се прогласуваа победниците и се доделуваа медалите.

Огранизаторот Бобан Катаровски од модното студио “Expose“ од Битола, е задоволен од тоа како се одвива натпреварот, но на неговото лице се гледа умор, а постојано е во движење, на паркетот, кај 15 судии, кај учесниците, во малата сала и вели:

-Нешто помалку од три месеци го подготуваме овој натпревар и можам сега слободно да кажам дека кога натпреварот е пред крајот дека успеавме да направиме одличен натпревар, а сите кои се претставија имаа добро подготвени кореорафии, но морам да ги пофалам и членовите на “Expose“ кои беа одлични. Резултатите ќе ги сумираме утре кога малку ќе се одмориме.

Поради големиот инетерес натпреварите се одвиваа наизменично на три подиуми.

Жанета Ристевска

Повеќе од 2.000 танчери и двојно повеќе публика на државното првенство во Битола (фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Јубилеен концерт на Борче Наумовски- Министерот во Битола, во Хераклеја (фотогалерија)
- “Орфеј No. 8“ во “Расчекор“ Битола ги спои генерациите: Ретро вечер што ги врати спомените и создаде нови (фотогалерија)
- DJ Krazy Slave Keleshovski, Ile The Hair и Николче Терзиевски го враќаат звукот на “Орфеј“ на “Ретро журка No 8“ во “Расчекор“ во Битола
- Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот со голем концерт во Хераклеја – спектакуларна вечер на македонска музика, емоции и традиција
- Летна ретро журка “No 8“ во чест на легендарното диско „Орфеј“ – вечер за паметење на 17 јули во Битола





