Во “Center – Lounge & Fresh Bar“ на Широк Сокак викендов беше промовирана новата песна и спот за неа “I know we’ll meet again”, на битолчанката Стефанија Милевска која беше снимена во музичкото студио “Welcome to Stefanija’s Music World“

Музиката, текстот и аранжманот е на Стефанија, во соработка со Box production (аранжман, микс и мастеринг: Mark Purpose Petar Dimitrovski) и новиот видео запис произведен од “Shoot & Shine“, со емотивни пораки и споделени лични искуства.

Исто така и видеото е во режија на Стефанија, а локацијата на која се снимаше е добро познатата куќа на Широк Сокак 61, каде што се наоѓаат: “Anastasija Center“ (Performing arts, Fashion, Music & Dance Center), “Center – Lounge & Fresh Bar“, “ROBEVSKI Luxury Rooms“ и “Astra Casino“.

Ова е почеток на еден поинтимен пристап во музичкиот и личниот свет на Стефанија, а песната е посветена на Ѓорги Стефановски, нејзин близок пријател, кој неодамна замина на другата страна… По тој повод се искористени лични фотографии и видео материјали, неговите уметнички слики, за целосно да се пренесе пораката за загубата на една хумана личност со огромно срце.

Инспирирана од неговите животни дела, Стефанија создаде уметнички продукт кој ќе потсеќа на вистинските вредности, иновативен музички призвук со интернационален видик и ќе го потврди духовното убедување дека душата на нашите загубени најблиски секогаш ќе остане со нас…


Промовирана новата песна и спот “I know we’ll meet again” на Стефанија (фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 14 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- “Бела ноќ“ во Битола – за најмалите кај Офицерски на 21 август, на “Магнолија“ на 22 август
- Прва вечер на годинашниот 9. “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола (фотогалерија)
- Концерт на Жељко Самарџиќ во Хераклеја, вечер исполнета со емоции и песни што не стареат (фотогалерија)
- “Лето е“ нова песна на Ангела Илиевска





