Press "Enter" to skip to content

Пелистер поведе 1-0, но загуби 1-2

Пелистер – Силекс 1-2 (1-0)

Екипата на Пелистер, на домашен терен под Тумбекафе денес забележа тежок пораз од екипата на Силекс од Кратово иако го отвори резултатот уште во 5 минутасо голот на бразилецот Лукас по додавање на Пеев, кога се најде сам пред гоманот Митровиќ и пласираше во спротивниот агол за водство на пелистерци.

Силекс, преку пресврт во вторите 45 минути, во Кратово си замина со големи три бода од ова гостување откако во 67. минута Силекс стигна до израмнување во моментите кога “пелистерци“  имаа иницијатива, а нововлезениот Бобан Георгиев со доста среќа го постигна изрмнувачкиот гол.

Само по некоја минута додека “пелистерци“ беа во шок од несреќно примениот гол  дефанзивците на Пелистер. Драгарски и Ковачев и голманот Јовановски направија почетничка грешка, а тоа го казни Тимов, постигнувалќи го голот кој на кратовчани им донесе три бода.

Со овој пораз Пелистер падна на претпоследната деветтта позиција на табелата во ПМФЛ и остана на само 12 бодови.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »