Во билтенот на СВР Битола за вчерашниот и денешниот ден стои дека на територијата на Битола се изршени две кривични дела и тоа оружен грабеж и тешка кражба.
Имено, вчеравечер во 20 часот во СВР Битола било пријавено дека е ограбена аптека на улицата „Филип Втори Македонски” во Битола. Во аптека влегло непознато лице и со закана од пиштол од вработените одзело околу 10.000 денари и мобилен телефон по што го напуштил местото на настанот. Непознато машко лице влегло во аптеката и веднаш се упатило позади работното биро, каде што вработените го броеле дневниот промет, извадил и репетирал пиштол и откако ги зел парите и еден мобилен телефон се дал во бегство.
Исто така од СВР Битола информираат дека денес, односно изминатата ноќ околу два часот и четириесет минути од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во маркет лоциран на улица „Браќа Миладиновци“ на начин што сторителот ги пресекол алките за катанецот и алката на катанецот, со алат делувал на вратата и касата во пределот на бравата, ја отворил вратата влегол во маркетот и одзел коњак 15 парчина по 100 мл, и околу 25 штеки со разни цигари.
Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на двата случаи.






