Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две лица од Тетово приведени на градскиот стадион со пиротехни средства

„На 21.11.2026 во 13:30 часот за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Пелистер од Битола и ФК Тетекс 1953 од Тетово на градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, при вршење на преглед на влез во стадионот од страна на лица кои беа дел на навивачката група од Тетово кај С.К. (30) и Ф.Н. (28) пронајдени се пиротехни средства.

Лицата се приведени во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.“ – се вели во полицискиот билтен.

More from ВестиMore posts in Вести »