Press "Enter" to skip to content

Здруженија за македонско-руско пријателство на средба со рускиот амбасадор (фото)

Посетата на амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Олег Шчербак, на Битола беше искористена и за средба и со раководствата на дел од здруженијата за македонско-руско пријателство.Во просториите на Меѓунардниот Славјнскиот универзитет во Битола средба со рускиот амбсадор имаа претседателот на Здружението за македонско-руско пријателство од Битола, Драган Романски, претседателот на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство, Пеце Гаштаров и претседателот на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство во Македонија, Јордан Ѓорчев.На средната беа присутни и други кои се вклучени во работата на овие здруженија, а на амбасадорот Шчербак во разговорите му беа кажани кои активности ги имаат овие здруженија и кои им се плановите за во иднина.

С.Р.