Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Магијата на Монмартр“ на детското ликовно студио (фотогалерија)

Вечерва во културниот центар “Магаза“ беше отворена изложбата на најдобрите ликовни творби од Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола кои се создадени од младите ликовни творци на годинешната детска ликовна колонија “Мал битолски Монмартр“.Изложбата за отворена на прогласи советничката во Советот на општина Битола, Татјана Крнчева, која нагласи дека му е мило што честа за отворање на изложбата и припадна токму неа, бидејќи многу ја цени работата на ова детско ликовно студио.За излкожбата зборуваше и директорката на Заводот и музеј од Битола, Мери Стојанова како домаќин на изложбата, а раководителот на студиото, Коста Хаџи Антоновски во своето обраќање до присутните истакна дека со оваа меѓународна ликовна изложба продолжува традицијата, во предвечерието на Денот на независноста на Република Македонија,  8. Септември,  да биде отворена празнична изложба „Магијата на Монмартр“.-Оваа година во ист ден и во ист час ќе отвориме две ликовни изложби на кои ќе бидат претставени најдоби ликовни дела од колонијата што пролетоска се одржа во Битола и Охрид. Првата изложба ќе биде отворена вечер во 20 часот во битолската „Магаза“, а втората во истовреме ќе биде отворена во главниот руски град Москва, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов. Со оваа одлука сметавме дека уште повеќе се интернационализираат културните вредности, посочи Хаџи Антоновски.На покана на Хаџи Антоновски зборуваше и Никола Главинче, адвокат и дел од Малиот Монмарт од кој рече дека Детското ликовно студио заслужуба да биде тренирано од Државата како Охридско лето и сличните културни манифестации, а куќата каде е сместено да биде спомен куќа на уметноста. На изложбата „Магијата на Монмартр“ доминираат ликовни творби со мотиви од старата македонска архитектура и пејзажите во Македонија.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »