Press "Enter" to skip to content

Денес на “Браќа Манаки“ мастер клас со оскаровецот, Роџер Дикинс

На третиот ден од Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ денес, понеделник, во 11,30 часот, ќе има мастер клас кој ќе го одржи оскаровецот, британскиот кинематографер Роџер Дикинс, кој воедно е и годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело.

Средбата со студентите и други учесници на фестивалот ќе ја одржи во малата сала на НУ Центар за култура.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека кинематограферот Роџер Дикинс е во Битола во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во филмот „Истребувач 2049“.

Паралелно на фестивалските сцени во Битола ќе бидат емитувани филмови во повеќе конкуренции и фестивалски програми, ќе има студенска програма. 

More from КултураMore posts in Култура »