Press "Enter" to skip to content

Со изложбата на ателје “Солак“ започна роденденската седмица во Центар за култура (фотогалерија)

Вечерва со отворањето на изложбата на членовите на ателјето “Солак“ и официјално започна роденденската седмица на Центарот за култура – Битола. Изложбата која е поставена на десетина паноа ја отвори директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која рече дека му е посебно драго бидејќи оваа роденденска седмица се отвора со дела на најмладите.-Тука се дела на нашите најмали сограѓани, членови на ателјето “Солак“, а се надевам дека некое од овие деца во иднина, кога ќе биде врвен уметник, се каже дека токму тука на оваа изложба, која вечерва ја отвораме, се наговите почетоци со кои ќе се гордее, рече Маја Андоновска – Илиевски.За изложбата и изложените дела на малите уметници зборуваше ликовниот уметник, Димитар Солаковски се заблагодари на сите кои беа присутни, за поддршката на младите уметници кои вечерва ја имаат својата прва изложба.Изложбата на членовоте на ателје “Солак“ е реализирана во соработка со Центарот за Култура од Битола и Министерство за Култура на Република Македонија.Утре во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одбележи 38 годишнината на Центарот за култрура во Битола со целовечерен концерт на ансамблот “Танец“.

С.Р.

 

 

 

 

 

 

More from КултураMore posts in Култура »