Press "Enter" to skip to content

Радован П. Цветковски подари свои книги на библиотеката во Горната Гимназија каде се школувал (фото)

По повод месецот на книгата библиотеката во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ организира изложба “Потпрено небо“ на делата на писателот Радован П. Цветковски. Изложбата која ја организира библиотекарот м-р Драган Ристевски денес ја посети и писателот Цветковски кој на библиотеката им ги подари свои книги.

-Ме израдува оваа иницијатива да има изложба на моите дела, а насловот на едно мое дело е и наслов на изложбата “Потпрено небо“, кои извесен период ќе бидат изложени во холот на Гимназијата и тоа што ќе има мое катче внатре во библиотеката. Сакам не само моите дела туку и сите книги кои се тука да бидат читани од гимназијалците, а професорите да ги насочуваат да читаат што повеќе книги, рече писателот Радован П. Цветковски.Библиотекарот м-р Драган Ристевски, за изложбата и престојот во Гимназијата на Цветковски рече:

-Со оваа изложа на делата на Цветковски и со други настани го одбележавме месецот на книгата, за што гимназилците покажаа голем интерес. Катчето во библиотеката кое го посветивме на нашиот сограѓанин, Радован П. Цветковски ќе биде почеток на соработка и на други автори кои се школувале во Гимназијата, а ги има многу.Радован П. Цветковски на гимназиската библиотека им подари по неколку примероци ос сите свои дела, а како рече ги има 52 напишани дела.

88 годишниот Цветковски кој бил ученик на оваа Гимнација после Втората светска војна ја посети и училницата каде се школувал. Заедно со учениците кои беа на настава во таа училница седна на својата некогашна школска клупа.Радован на учениците им раскажа за дел од неговоте школски денови, за згодите со професорите и за тоа како скришум шитал книги за време на часовите. Им зборуваше и за книгите, за поезијата и на крај им прочита и негова песна која ја напишал пред многу години.Учениците на разделбата, Цветковски го испратија со голем аплауз. Тој имаше средба и со директорката на Гимназијата.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »