Вчера бевме сведоци на жива и шарена приказна која се случи во НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола во рамки на промоцијата на збирката детски бајки „Магични стапчиња и шарени лижавчиња“, дело на учителката Весе Весела и група ученици од ОУ „Кочо Рацин“ село Ивањевци, Могила.
Салата за промоции само за миг беше претворена во шарена училница, полна со рачно изработени сликовници и дидактички средства кои имаат за цел да го стимулираат детското творешто, да им помагаат на дечињата во периодот на почетно читање и пишување, но и за граматика и математика.
Учителката Весе во свој весел стил успеа да ја подигне и да ја разигра целата публика. Присутните имаа необична задача, се забавуваа додека учествуваа во забавен “Лов на зборови“, а со тоа ја почувствуваа моќта на креативноста на учителот кој има за цел да привлече и задржи внимание за време на читање.
Публиката имаше прилика да ги запознае младите автори кои не само што напишале свои бајки туку понатаму ги користеле и на часовите по граматика и математика па дури и за време на активности во партнество со други ученици кои ги поканувале како гости во нивната училница или преку јавни повици објавени преку социјалните мрежи.
Промоцијата ја водеше стручен тим, претставници на “Просветно Дело“, издавачката куќа која не само што го поддржа овој проект, туку воедно и најави низа национални и интернационални настани и проекти планирани со нашата учителка за периодот кој следува, како поддршка на образованиот процес и воспитанието како составен и најважен дел на кој не смееме да заборавиме.
-Пораснав со делата на “Просветно Дело“, со “Росица“, “Другарче“, “Развигор“ и сега сум пресреќна за ова наша соработка и за сето она што следува. Би сакала да упатам огромна благодараност до директорот на “Просветно Дело“, м-р Павле Петров, до главниот уредник Весна Дукоска, до целиот тим што ни овозможи чест и радост да станеме дел од нивата долгогодишна традиција и да го имаме ова богатство во рацете, истакна учителката Весе.
Директорката на училиштето во Ивањевци, м-р Кристина Ристевска, ја запозна присутната публика со чек листата на воспитни умеења, вештини на 21 век и просоцилани вредности на овие ученици кои успеале да креираат производ од срце, полн со забава и фантазија, низа мудрости и ненаметнати совети корисни за воспитување на граѓаните на 21 век.
Kнигата е и доказ за важноста на онаа позната мудра порака која ни ја упатил Аристотел уште од дамнешни времиња, со која сака да разбереме дека ние како учители имаме за цел да ги образоваме нашите ученици, да го образоваме нивниот ум, но ако истовремено не го образоваме и срцето на ученикот, тоа воопшто не можеме да го сметаме за образование, рече директорката за време на своето излагање.
На присутните им се обратија и претставници на “Просветни дело“ кои искажаа големо задоволстви од соработката со Весела Богдановиќ, а посебно од начинот на кој беше промовирана оваа книга. Тие најавија караван низ неколку градови низ Македонија за промоција на книгата, но и понатамошна соработка со авторката Богдановиќ.
Оваа промоција остави силен впечаток кај сите присутни, а посебни кај намладите за кои сето ова случување ќе биде поттик за творештво, за и тие еден ден бидат забележани во некои друго дело.
Книгата „Магични стапчиња и шарени лижавчиња“ може да набави во книжарницата на “Просветно дело“ покрај Драгор, под дрвеното мовче.

Промоција на “Магични стапчиња и шарени лижавчиња“ преку жива и шарена приказна (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)





