Во големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа започна јубилејното 10. издание на интернационалниот Фестивал на музика од светот чиј организатор е Центарот за култура Битола.
Фестивалот за отворен го прогласи директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски која рече дека фестивалот е еден од најзначајните фестивали во Македонија на кој настапија најдобрите групи и пеачи од Македононија, а настапиле и од Балканот и од светот.
-Публиката од Битола која е присутна на секој фестивал од десетте кои се одржале заслужува звучни имиња, таа не поддржува, а ќе се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме во таа насока, нагласи Маја Андоновска – Илиевски.
Оваа година, 10. издание на фестивало Мизика на светот чест имаа да го отворат групата “Синтезис“ кој со своите изведби го задржаа вниманието на публиката. Македонската музичка етно група “Синтезис “ има цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музички фолклор. Одговорна задача која оваа прекрасна дружина ја исполнува веќе една деценија и за која веќе знае и Европа и Светот.
Тие изведоа песни од најновиот алмуб “Остров“ а публиката уживаше и во песни од претходните албуми. Потоа во холот на Центарот за култура се одржа и промоција на нивната монографија.
Денес на фестивалот ќе настапи “Музички квартет“, а утре се кубанците “Фламенко Екос“ главна атракција на јубилејниот Фестивал на музика од светот во Битола кој трае три дена.
[ngg src=”galleries” ids=”227″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






