Press "Enter" to skip to content

Танчерките од Куба донесоа топлина во снежното битолско невреме (фотогалерија)

Со настапот на главната атракција, групата “Фламенко Екос“ од Куба заврши 10. јубилено издание на Фестивалот на музика од светот во организација на Центарот за култура од Битола која изведе јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната музика на Куба и различни жанрови на фламенко.Битолчани кои беа во големата сала на Центарот за култура во Битола имаа ретка прилика да слушаат оригинални изведби на кубанска музика и да гледаат одлични изведни на кубански танци како и фланенго уметност тренирана на семинарите за фламенко во Хавана, организирани од Кубанскиот национален балет и Андалузиската хунта. Сценска изведба која е дел од многу различни претстави во сите главни театри во Хавана и во Куба, како и меќународни настапи во Абу Даби, Арапските Емирати и Кувајт, Шпанија, САД…Концертот го завршија со избедба на песната “Слушам кај шумат шумите“ и со оро кое запона на сцената, а заврши низ публиката која кое се вклучија и битолчани.Кубанска група која ги затвори фестивалот е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста. Досега на фестивалот настапиле: Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез, Исмаил Лумановски и други, а Фестивалот го отвори македонската група “Синтезис“.Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола. Светот во Битола, Битола во светот-јубилејно издание на Фестивалот на музика од светот.

More from КултураMore posts in Култура »