Во културниот центар Магаза, националната установа Завод и музеј Битола во соработка со Роднокрајниот музеј од Књажевац, Србија го одбележуваат големиот јубилеј 100 години од завршувањето на Првата светска војна со изложба – Сима Жикиќ – сведок на воените страдања.
Изложбата опфаќа значајното и богато уметничко наследство од Сима Жикиќ (1878-1964), књажевскиот свештеник, вероучител, иконописец, сликар и професор по ликовна уметност, кое се чува во наследство во Роднокрајниот музеј во Књажевац.
Оваа изложба претставува одличен извор на разбирање, ново толкување на историјата и на одредени општествени појави со кое се придонесува за „реконструкција“ на одредени делови на колективната меморија.
Сима Жикиќ се јавува како несекојдневен хроничар на своето време и сведок е на воените страдања на населението од регионот Тимок и Србија за време на Балканските војни и за време на Првата светска војна.
Изложбата предизвика големо внимание во нашиот град, а може да се посети во наредните седум дена.

Изложба – Сима Жикиќ, сведок на воените страдања (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола





