Press "Enter" to skip to content

“Солза и смеа“ со 100.000 следачи на социјалната мрежа “Youtube“

Популарноста на битолското драмско студио “Солза и смеа“ од ден на ден се повеќе се зголемува, а како најдобар доказ е тоа што деновиве ја достигнаа бројката од 100.000 следачи на социјалната мрежа “Youtube“. 

Со оваа бројка, како велат од “Солза и смеа“ се втори во Македонија со толку голем број на следачи на “Youtube“, што за нив е само потврда на тоа што го работат во изминатите повеќе од десет години.

По достигнување на оваа бројка “Солза и смеа“ упатија благодарност до сите, во нивни стил, во која се вели:

-Затоа што скоро 10 години работиме непрекинато да креираме насмевки во вашите домови, додека патувате, додека чекате автобус или да се стопли вода во бојлерот, затоа што ги заспиваме и будиме вашите најмили, затоа што не потпаднавме на ниту една препрека, закана, негативна критика и општествена промена, затоа што ОВА Е НАШИОТ ЖИВОТ!
Постоевме и ќе постоиме за секој еден од вас затоа што ВИЕ сте гориво за нашиот мотор да работи 24/7. И затоа ви ветуваме многу нови содржини, нова енергија, нова екипа и најважно од се – НОВА СЕЗОНА. Овој пат ве клучуваме и вас, наша верна публико, заедно да чекориме се до ѕвездите! Солза и Смеа ви е благодарна за СЕ!Инаку, драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано во Битола како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за култура во Битола, ја има и првата премиера за претставата „Лонг плеј“. Неколкуте години активна работа го креваат нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се повеќе посетени. Со неколку падови и воздигнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионална се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надовр од неа.

Солза и Смеа денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде театарот има земено учество.

Најуспешен проект досега е хумористичниот ТВ серијал кој четврта година се емитува на ТВ “Тера“, а достигна и енормна гледаност на “Youtube“.

More from КултураMore posts in Култура »