Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Монмартр“ претрупан од детски цртежи од вкупно 35 држави

Малиот битолски “Монмартр“ пренатрупан со детски цртежи, скулптури, инсталации, на сите три ката во зградата. На адреса на Детското ликовно студио се пристигнати преку 300 пакети со преку 25.000 детски творби од преку 35 држави за конкурсот за учество на Малиот Битолски Монмартр 2020.-Секоја година интересот е се поголем, а на годинашниот конкурс за изданието во 2020 година има повеќе од 25.000 творби кои дојдоа по пошта на нашата адреса. Сега сме пребукирани, нема празно место, ни кај да се завртиш, што се вели. Сега ни престои голема работа прво да се отворат сите пратки, да по делат по категории, а потоа ќе започне селекцијата на материјали, за на крајот на мај да бидеме подготвени за годонашното издание, вели Елена Хаџи Антонова од “Монмарт“.

More from КултураMore posts in Култура »