Press "Enter" to skip to content

За 8. Март тематска изложба во Библиотеката (фото)

НУУБ “Св.Климент Охридски“ – Битола по повод 8. Март, Меѓународниот ден на жената, постави тематска изложба на книги од жени писатели во ходникот на библиотеката.

Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува на секоја година на 8 ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век. За оваа идеја посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените. На неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8. март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири во знак на рамноправноста.

More from КултураMore posts in Култура »