Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Цивилното општество во Битолскo за време на Првата светска војна“ (фотогалерија)

Во националната установа Завод и Музеј во Битола денес беше промовирана книгата “Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ од авторот д-р Мери Стојанова, издание на Заводот и Музеј.Според д-р Стојанова една од причините за изработка на книгата е првото истражување за секојдневието на цивилното население во Битолско во тоа време, а се содржани податоци од истражувања од 50. и 70. години на минатиот век, како и авторски истражувања во Битолско, Преспа и Струмичко.-Иако се поминати 100 години откако е проглесен крајот на Првата светска војна, информациите се за сите социјални и општествени промени кои што настанувале во секојдневното живеење, промена на народни носии, промена на социјални односи во рамки на семејството и во пошироките колективни заедници, преселби и враќања во родните села што биле в долж линијата на фронтот. Резултатите од тој период, како пто реков пред 100 години, имаат одраз ивлијание и ден денес, додаде д-р Мери Стојанова.Прв промотор на книгата беше историчарот д-р Александар Литовски кој рече:-Книгата на Стојанова освен што има антрополошко значење има и историографски аспект, особено до делот за македонското национално прашање и поделбите на македонскиот народ и териротијата на Македонија. Првата светска војна е една од клучните причини за делба и черечење на Македонија, а за ова Стојанова и антрополозите се осврнуваа на еден почовечки начин да се укаже на овие делби и поделби на македонскиот човек во едни страшно лоши и ужасни времиња. Посебно е добро што Битола и еден истражувач како Стојанова, каде што поминуваше фронтот се зафати со ваква тема која е пионерски чекор во македонската, претпоставувам, во етно истражувања и историографија, на овој начин да се третира првата светска војна. Битола со ова акнига добива многу во имиџот кога се прават вакви истражувања и се пишуваат вакви книги, која денес ја промовираме.Вториот промоторот Љупчо Ристески од Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ-Скопје, рече:-Институциите треба да го истражуваат секој временски период низ призмата на животните приказни од секојдневието на луѓето, а ова дело е значајно за јавноста бидејќи претставува една од ретките етнолошки и антрополошки студии кои се однесуваат на проблематика од периодот на Првата светска војна. За жал, во нашата држава долго време не постоеја студии, а можеби и кадри кои би се занимавале со ваква проблематика, а и тие што постоеја сметаа дека темата не е со приоритет затоа што долг период во македонската историографија, Првата светска војна беше несоодветно третирана. Ваквиот приод остави простор да се манипулира со прашањата, а животните приказни останаа да се третираат како недоволно валиден извор за информирање и отсликување на животот на населението во тоа време.

 

 

More from КултураMore posts in Култура »