Press "Enter" to skip to content

Марија Дима од Романија добитник на наградата “Гран –при 2020” на Малиот битолски Монмартр

Стручното жири на меѓународниот ликовен конкурс “Битола 2020” на Малиот битолски Монмрт“ кој беше распишан во почетокот на септември 2019 година, а траеше до 20 февруари 2020 година, го додели наградите за овогодишното издание. 

На конкурсот учествуваа 277 училиште, со 15.371 цртежи, од 33 земји од Европа и светот, стручното жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот (15.371) за 38. меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2020“ избра 717 творби. Изложбта ќе биде отворена на 23 март 2020 година во просториите на Националната детска ликовна галерија “Монмартр“ и ќе трае до крајот на годината.

Стручното жири донесе одлука доботник на наградата “Гран при“ за 2020 година е Марија Дима од Букурешт , Романија.

Добитник на специјалната награда е  KIDS PALETTE CREATIVE ART WORKSHOP, Хонг Конг, Кина.

Награди за учество добија 19 екипи, 2 ученици и 1 ликовен педагог:

-“SIMPLY ART” – Хонг Конг – Кина.

-ZUSH “LADISLAVA MEDNYANSZKEHO” – Списка Беча – Словачка.

-GALERIA I OSRODEK PLASTYCZNEJ TWORCZOSCI DZIECKA W TORUNU-Торун, Полска. 

-SCHOOL 1955 (1188) – Москва, Русија

-“ATOLYE VEYSEL ACAR ” – Трабзон, Турција

-SHIRLEY’S FINE ART SCHOOL – Лапид, Изрел

-LIKOVNI ATELJE “ARTINO” – Белград, Србија

-ART SCHOOL named “M.IVASIUK” – Чернитиси, Украина

-YEOW CHYE ART STUDIO – Авер Итам, Малезија

-ASOCIATIA CULTURALA “ARTE. RO” – Пиатра Неамт, Романија 

-CETIN SEN SCIENCE AND ART CENTER– Кајсери, Турција

-LICEUL DE ARTE PLASTICE “NICOLAE TONITZA” – Букурешт, Романија 

-BANNADOKMAI SCHOOL – Вангсипунг, Тајланд

-DETSKAYA SHKOLA ISKUSSTV im. R.V.SERDYUKA – Керш, Крим

-GIMNAZIJA “BOLJAI” – Сента, Србија

-CHILDREN’S ART SCHOOL “KOLORIT” – Плевен, Бугарија

-SZENT IMRE KATOLIKUS ALT.ISK – Кепкемет, Унгарија

-CHILDREN’S ART STUDIO “ROSTOK” – Об, Русија

-CHILDREN’S ART STUDIO “ST.CYRIL AND METHODI” – Битола, Македонија.

Стручното жири додели и агради за најдобра колекција “Златна четка“.

Меѓународното стручно жири додели 15 награди за најдобра испратена колекција на конкурсот “Битола 2020“, како и награди за најдобри поединци – “Златна палета“.

Жирито додели 119 награди “златна палета” за најдобри поединечни остварувања на светската изложба „Битола 2020”, а ќе се доделат и признанија за поединечни остварувања – “диплома“.

Жирито додели 209 дипломи за поединечни остварувања на конкурсот “Битола 2020” за светската изложба или вкупно доделени се 364 награди на меѓународниот конкурс „Битола 2020”.

More from КултураMore posts in Култура »