Вечерва во 21.00 часот повторно Ве враќаме назад во времето, скоро 30 години.
Во далечната 1992, на текст на Лопе Де Вега, “Љубомора и љубов“ во режија Слободан Унковски.
Извонредни костими на Ангелина Атлагич и сценографија на Миодраг Табачки.
Едно од остварувањата кое со сигурност го обележа постоењето на Битолски театар.
Сигурни сме дека ќе уживате.






