Press "Enter" to skip to content

На меѓународен поетски митинг на “zoom“ и битолчанката Мирјана Стојановска

Поетско дружење на кое беа испратени пораки за мир, за љубов и разбирање на различните култури во ова време на карантин и ограничена слобода на движење

До сега се соочуваме со невидена глобална реакција на некоја болест. Заради спроведени строги мерки за заштита од закана на корона вирус како цел свет да застана. Од блокада на градови, ограничени патувања, затворање на училишта и забрана на културни манифестации. Додека сите во очекување  да заврши побрзо и да се вратиме на нормалниот начин на живот, преку платформите се организираат културно уметнички настани- концерти, поетски дружења, театарски претстави он лајн.

Меѓународен поетски митинг насловен како „Прозорец кон светот“  по трет пат се одржа во организација на Книжевното друштво од Хрватска на интернет платфиормата „zoom“.Во двачосвната програма која директно се емитуваше на you tube, настапија триесетина поети од: Италија, Швајцарија, Русија, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.  Поетесата Мирјана Стојановска од Битола   учествуваше на третиот меѓународен поетски митинг претставувајќи се со песната со интересен наслов „Пинг- понг“ со која комунициравме он лајн ни објасни повеќе за овие настани.

-На овој меѓународен митинг „Прозорец кон светот“ учествувам по третпат. Всушност ова поетско дружење се воспостави уште на самиот почеток на епидемијата и има за цел да биде традиционална интернет манифестација, да ги обединува авторите од различни земји во овие мигови на споделување на истиот проблем на глобалната пандемија. За миг, во тие поетски часови на заедничко дружење, вели Стојановска,  се чувствува радоста и насмевката кај поетите кои како и сите луѓе на овој свет, толку многу ја посакуваат слободата на движење, слободата на изразување, слободата на постоење.

Во ова поетско дружење беа испратени пораки за мир, за љубов и разбирање на различните култури во ова време на карантин и ограничена слобода на движење. Поетските стихови беа пропратени со музички изведби.

Жанета Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »