Во соработка со ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола одбележувајќи го Светскиот ден на книгата и авторско право, а во рамките на препораките на ИФЛА за вклучување на библиотеките во сите аспекти и активности на заедницата во време на справување со изолациони мерки.
-Библиотеката се вклучи во online настава со презентација за важноста на читање, одбележување на денот на книгата и можности за учество на учениците во креирање на програми и проекти како дел од иновативни библиотечни содржини. Беа вклучени три одделенија II 6, IV 3 и IV 6 со одделенски наставници Бисера Петровска Аргиновски, Снежана Петковска и Татјана Чапкуновска. Презентацијата од Библиотеката ја подготви м-р Јелена Петровска која што на децата им пренесе порака за Светскиот ден на книгата од проф. д-р Методи Чепреганов како претставник на најхрабрите луѓе кои што деновиве се борат со пандемија, рече директорот на Библиотеката, Бојан Срефановски.
Учениците беа запознаени со важноста на читањето, претставување на функционирање на библиотеката, како и со можности за зачленување и учество во креирање на библиотечните проекти и активности на библиотеката.
Во вториот дел од часот во координација со наставници учениците поставуваа прашања до библиотекарот и заедно зборуваа за најчитани наслови на книги. Со оваа активност НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола активно учествува во едукативните содржини и соработува со наставници кои се отворени за нови и посодржајни пристапи кон изведување на online настава.
Библиотеката на својата веб страна постави и други содржини поврзани со одбележување на Светскиот ден на книгата и авторско право, а во подготовка се и други активности со цел интерактивно поврзување со читателите.






