На 62 годишна возраст во Битола почина сопстеникот на “Оптика Варезе“ Велјан Талев, попознат кај битолчани како Велчо Варезе.
Една генерација битолчани ќе го паметат како човек кој меѓу првите во Битола ги донесе светските брендови на нао;ари и модата за носење на темни наочари за заштита од сонце, а неколку генерации ќе го паметат како пример за човек еснаф, како треба да изгледа еден вистински модерен дуќанџија.
Неговата оптика “Варезе“ во “Стаклената зграда“, секогаш средена, чиста, а услугата не едно друго ниво, а неговото однесување и стил треба да бидат пример за најголем дел од сегашните и сите идни дуќанџии.
Беспрекорно дотеран, бизнисмен кој секое утро пред да ја отвори оптиката, работниот ден го започнуваше со пиење еспресо и со читање на печатено издание, весник, заедно со пријателите, што беше негов стил на живеење.
Велчо Варезе имаше голем број на пријатели, а на социјалните мрежи голем број битолчани се простуваат за него со пораки кои го отсликуваат како битолчанец кој остави трага во Битола и ќе се памети.






