На 31 октомври и 1 ноември, “Bliss Mall & Retail Park“ во Битола ќе биде домаќин на “Вински фестивал“, настан кој на едно место ќе ги обедини љубителите на виното, гастрономијата и добрата музика.
Во текот на двата фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата понуда на вина, да откријат нови вкусови и да поминат пријатни моменти во атмосфера исполнета со музика, дружење и гастрономски задоволства.
На фестивалот ќе бидат претставени познати вински брендови, меѓу кои “Далвина“, “Бовин“, “Камник“, “Монтеко“, “Лазар Винарија“ и “Алесто“, а дел од настанот ќе бидат и “Пелистерка“, “Вемилк“, “Бучен Козјак“, “Здравје Радово“, “Млекара Мики“, “Монтенегро“, “Аурум Kitchen Bar“ и “Пивац“.
На фестивалот ќе настапат битолските бендови и музичари:
Музичка програма, сабота, 31 октомври: “The Boyz“, “Sound Waves“
Недела, 1 ноември “N.A.L.A band“, Димитар Андоновски, “Dona & Friends“.
Фестивалската програма ќе се одвива двата дена, од 13:30 до 16:30 часот, во Bliss Mall & Retail Park во Битола.
Со спојот на квалитетни вина, разновидна гастрономска понуда и музика во живо, “Винскиот фестивал“ има за цел да создаде уникатно викенд-доживување за сите генерации.
Настанот е уште една можност посетителите да го доживеат “Bliss Mall & Retail Park“ како место за средби, забава и незаборавни моменти.
На 31 октомври и 1 ноември, од 13:30 до 16:30 часот, бидете дел од Винскиот фестивал во “Bliss Mall & Retail Park“ – Битола.
Два дена. Добро вино. Одлична музика. Уживање за сите сетила.






