Press "Enter" to skip to content

Биљана Анастасова нова претседателка на ОО на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Битола

Во малата сала на Центар за култура во Битола се одржа Втората општинска изборна конференција на ОО на ЗНАМ – Битола, на која за претседател на Општинската организација беше избрана Биљана Анастасова.На изборната конференција на присутните им се обрати претседателот на ЗНАМ – Максим Димитриевски и Весна Бендевска – потпреседателка на Собранието на Македонија.На изборната конференција беа избрани и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор на ОО на ЗНАМ – Битола.Викендон во хотел “Молика“ на Пелистер се одржа вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот.  Исто така, вчера, свечено беше отворен  на штабот на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ОО Битола кој се наоѓа на улица “Солунска“, над Камен Мост.