Press "Enter" to skip to content

Приказни од летниот распуст: 11 годишната Ања храбро спаси новородено маче кое го врати кај мајката (фото)

Оваа случка која се случи во населбата “Ушици“ во Битола ни го привлече вниманието и зборува за храброста и хуманоста на малите херои децата кога спасуваат живот на кутре, маче…

Ања Сековска од Битола има единаесет години, живее во населбата “Ушици“ и таа храбро спаси штотуку родено маче, со неотворени очи, кое беше фрлено во напуштен двор завиткано во две најлонски кеси. За приказната, Ања, ни раскажа повеќе детали, за мачката често е гостин во нејзиниот и други дворови во маалото, која влегува во визбата или домовите и бара јадења.Таа мачка се омачила во нечиј двор или куќа, а домаќините не знаеле што да прават со трите мачиња ги фрлиле. Но, мајката мачка, цел ден и ноќ ги барала своите мали и ја виделе како носејќи ги своите рожби во уста ги спасила и одвела на друго место, како што прават мачките со мачињата. Таа ги преместувала неколку дена, но едно од нив повторно завршило во напуштен двор со висока трева.-Ја видов мачката како го бара своето маче. Уште кога станав тоа тажно од некаде мјаукаше, а јас следејќи го гласот, влегов во напуштеното дворче и го извадив малото маче кое беше врзано во две најлочниња го извадив од нив и видов дека диши. Не знаев што да правам, викнав по комшивката која ми донесе малку млеко, и со шприц му дадов на мачето да се напие. Ја барав неговата мајка, и го однесов во малото паркче. Мајката за брзо дојде и ги донесе и две други свои мачиња, пред нас ги спушти во кутијата каде го пред тоа го ставивме малото маче. Многу бев среќна, а беше и мачката која се врткаше околу мене и не се плашење, а така беше и која другарките со своите телефони ме сликаа со мачињата, ја заврши приказната, малата Ања, која со својата храброст и хуманост ја покажа чистотата не детското срце.Ања докажа и дека тоа што во светот на возрасните изгледа како “закана“, страв, негрижа… во детскиот свет има сосем друго значење. Со тоа одржа добра лекција за храброст, хуманост, грижа на возрасните…

Оваа сторија  можеби наликува на многу други, кога малите деца спасуваат животни, кои невините детски срца сакаат да ги здомат, често на негодување на возрасните, некогаш и заради оправдани причини. Сигурно има уште многу вакви приказни во други маала низ Битола, а примерот на Ања не е единствен, но вреди да се спомене.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »