Многу малку вработени кога ќе заминат од работното место на заслужена пензија продолжуваат со активен живот, а ретки се тие кои продолжуваат со физичка активност, со што си го продолжуваат животот. Еден од тие малкумина е Љубе Ѓуровски од Битола, кој како нов пензинер не се “предаде“ и продолжи активно да живее.
-Во пензија сум еден месец, а пензионер сум од јавното комунално претријатие “Водовод“ од Битола, каде работев до пензионирањето како механичар. Сега слободното време активно го користам, а летово сум најповеќе во Мариовскиот крај каде пешачам, а ја користам и секоја прилика да соберам и по некоја печурка, вели Љубе Ѓуровски.
Деновиве, чичко Љубе, најде печурка, како би рекле рибарите – капиталец, а вргањот е тежок 2,5 килограми, на што тој е посебно горд.
-Сакам да им порачам на битолските пензионери, кои се во добро здравје и кондиција, да не седам дома, по дворовите и на клупите низ паркот во Битола, да излезат во природа, да пешачат, а ако има добар “улов“ на печурки, нема да биде на “одмет“ да се “појача“ семејниот буџет и да се надополни пензијата, вели чичко Љубе, кој дадава дека печурки и други билки има насакаде околу Битола.
С.Р.










