Press "Enter" to skip to content

Започна проектот “Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time…“ каде е вкучена и библиотеката од Битола (фото)

Стратешко партнерство на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола со проектот “Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time…“, проектот е финансиран од програмата “Еразмус плус“ започна да се реализира на воведниот тренинг во Унгарија.-На првите два дена од стартот на проектот беше одреден текот на имплементацијата на проектот  за координација и менџмент, а учесниците се подготвија за имплементација на планираните активности во партнерските земји на темите: ромски јазик – истражување и секојдневен живот, бајки/комуникација, различни инструменти за интервју, комуникација и документација со вклучени симулации и вежби, ракување со аудио и видео технологии за снимање, вели Фатма Бајрам Аземовска, учесник во проектот, вработена во Библиотеката во Битола, која додава:Освен слободните активности, учесниците им читаа бајки од нивната земја на останатите што беше особено посебно и емотивно бидејќи сите се потсетија на детството кога нивните родители, баби или дедовци ни читаа или раскажуваа бајки, а потоа, се дискутираше за пораката на секоја бајка и се поврзуваше со нашиот секојдневен живот и секојдневниот живот на Ромите во Европа.Учесниците потврдија дека сето ова не би можело да се направи и постигне преку онлајн состаноци. Поради тоа, навистина се надеваме дека претставници од сите партнерски земји ќе можат да се сретнат на следниот партнерски состанок, којшто е планиран да се одржи во февруари, 2021 година во Турција.

More from КултураMore posts in Култура »