Во Битола во локовниот сало на Друштвото на ликовни уметници од Битола – ДЛУБ, се отвори годишната изложба на која учествуваа 17 ликовни уметници, кои се претставија со 30 дела.
Традициионалната изложба е организирана од страна на уметничкиот совет на ДЛУБ и министерството за култура, а историчарите за современа уметност, Владо Ѓоревски и Александар Џумковски доделија три награди.
Највисоката награда “Борислав Траиковски“, прв претседател на Друштвото на ликовни уметници од Битола, оваа година 2020 и припадна на Марија Велевска Атанасовска за најуспешно ликовно остварување. Наградената авторка ќе треба да реализита самостојна изложба.
Наградата “Димче Николов“ ја доби Ленче Крстевска.
Наградата “Александар Ѓаконов“ ја доби Сандра Котевска.
Претседателката на ДЛУБ, Елена Ѓорѓиева на отворањето на изложбата им се забагодари на сите учесници на годишната изложба, а посебни му се заблагодари на семејството Главинче.
На изложбата покрај наградените учествуваа и Лилјана Петровска, Дијана Колонџовска, Панде Петровски, Ленче Крстевска, Александар Поповски, Елена Ѓорѓиева, Валентина Илијовска, Николче Славевски, Маја Ковачевска, Димитри Балојани, Златко Крстевски, Анастасија Петрова, Анкица К. Стефановска, Оливера Лазаревска и Владимир Симоновски.

Годишна изложба на ДЛУБ, наградата “Борислав Траиковски“ за Марија Велевска Атанасовска (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола
- Десет дена на возвишена уметност на годинашниот “Интерфест“ во Битола





