Press "Enter" to skip to content

Во Библотеката во Битола се одржа првиот настан од “ЕПАЛЕ“ платформата за македонскиот јазик

Во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола се одржа првиот од серијата промотивни настани поврзани со воведувањето на македонскиот јазик во “ЕПАЛЕ“  Платформата. Средбата се одржа во соработка со ЕПАЛЕ амбасадорката Фатма Бајрам Аземовска и НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола, а наши гости беа претставници на повеќе библиотеки од пелагонискиот регион.На средбата воведен збор имаше Марко Ѓоргиевски, в.д. директор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и “ЕПАЛЕ“ Националниот сервис за поддршка, кој искажа задоволство затоа што циклусот промотивни настани поврзани со оваа за нас многу важна работа започнува со библиотеките.

Тој ја потенцираше потребата од поголема видливост на квалитетни содржини од македонските корисници, интеракција со колегите од странство, креирање на заеднички проекти и интернационализација на работата на институциите вклучени во образованието и учењето за возрасни.Потоа, следеше презентација од Љупка Ќуркчиева- ЕПАЛЕ Координатор.

За време на презентацијата, библиотекарите можеа да се запознаат со тоа како да се користи Платформата за размена на искуства, да се пронајде/прикачи релевантна информација, извештај или пример на добра практика, да се пронајде/сподели релевантен настан, можат да се пронајдат партнери за идни европски проекти.Во практичниот дел, секој учесник на состанокот имаше можност самостојно, чекор по чекор, да отвори свој профил на ЕПАЛЕ или да објави вест/информација за својата организација.

Настанот се организираше во согласност со протоколите за КОВИД-19, со обезбедено физичко растојание помеѓу учесниците. Вклучувањето на преставниците од Националната агенција и ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка беше спроведен преку видео врска.
More from КултураMore posts in Култура »