Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Широк Сокак пред 10 години, “Оне“, “Тетекс“, “Голден гејт“, “Папаз“, “Линкести“, “Орка“, (фотогалерија)

-Пред некој ден кога ја подготвував рубриката за оваа недела и ви вртев новинарските бележници за Битола од крајот на ноември и почетокот на декември 2010 година, пред 10 години наидов на неколку теми од тој период кои заслужуваат да се најдат пред битолчани. Но, се одлучив за една разгледница, за Битола, за Широк Сокак, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Работев на еден документарен филм за Битола, порачка од еден пријател од Скопје, како дел од некој проект. Напоредно со снимките ни бараа и фотографии од Битола, поточно од Широк Сокак и паркот. Заедно со снимател, ангажирав и фоторепортер кој ги направи овие фотографии кои кознае каде се се објавени и каде завршија за 10 години, вели Миновски кој со носталгија додава:-Битола е вечна инспирација на сите кои нешто публикуваат, фотографираат, сликаат, бележат… Па така и јас ќе се обидам да го објаснам Широк Сокак во Битола, преку некои места кои јас ги знаев во 2010 година, и се блиски на повозрасни битолчани, кои ќе се присетат како беше да се помине по Широк Сокак во 2010 година.-На Камен мост, убавата градска куќа и тогаш имала бутик за облека, кафеаната на Цане Боксеро, мојот пријател била таму, а на другиот крај кај “Магнолија“ со “Оне“ за телефони, фонтаната е таму, но и “Орка спорт“, но до неа и “Тетекс“, а подолу “Голден Гејт“ за костуми…-На средина е “Веро“ но пред “Веро“ забележувам зеленило, а кафулината се на страната на “Милениум“, а од другата страна на влезот во тунелот е “Краш“, а подолу кај “Македонија“ има кафуле…-Кога го снимавме документарецот имаше и некој ден силен ветер и направивме и неколку фотографии од паркот, со скршени дрвја, тоалети, губре на улиците… се сеќава Миновски кој остава некои други битолчани да се сетат на нивните омилени места, каде пазареа, се шетаа, пиеја кафе или пиво со ќебапи…

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »