Библиотечниот тренд бр. 50 е целосно во колор, посветен на библиотекарите вработени во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола по повод нејзиниот 75 – годишен развој, во кој се претставени се сите 4 сектори со раководителите, одделенијата и вработените со своите работни задачи, а главен и одговорен уредник е д-р Николче Вељановски.
На 20 страни, по четврт пат продолжение (на секои 5 години), дадаена е Хронологијата на Библиотеката во Битола, од 1945 – 2020, вклучувајќи го основањето, местата на работа, вработените со години на вработување, работни задачи и пензионирање, поважни активности, набавка на средстава и опрема за работа, изградби, доградби, реновирања и осовременување на библиотечните процеси, меѓубиблиотечната соработка во земјата и странство преку посети и средби, учество на семинари, работилници, конференции и сл.
Во делот за библиографија се вклучени монографски публикации, статии и прилози, како и библиографски единици за животот и делото на диригентот Љубомир Трифуновски од Битола, кој е уметнички директор на КУД „Стив Наумов“ Битола во кое го води мешовитиот и женскиот хор повеќе од 50 години. Учествувајќи на бројни домашни и странски фестивали добил повеќе награди и признанија. Статиите и прилозите се избрани од македонските, ЈУ просторите и некои странски периодични и сериски публикации, како и монографски публикации застапени во фондовите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, како и од архивата на авторот. Составувач на Библиографијата е Гордана Пешевска, библиотекар советник.
Зборникот содржи 23 трудови од кои 7 трудови се од библиотеки од средните и 14 (4 селски) библиотеки од основните училишта во Битола и Битолско. Трудовите се подготвени од наставници задолжени за овие библиотеки, како и од други наставници по македонски јазик. Во Зборникот се вклучени и два труда на уредниците кои се и раководители на проектот: Ленче Андоновска, библиотекар советник и Гордана Пешевска, библиотекар советник. Петнаесеттата роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија која Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ја организираше преку темата: “Моите ликови – од страв и немоќ во револт кон човечките вредности”.(За поетите Револтот на поетот во мене кон…) се одржа на 13.10.2020 г. во читалната на Роднокрајното одделение.
На оваа традиционална Средба по 15-ти пат, овојпат во дупло помал број на присутни заради пандемијата на вирусот COVID 19, но со 17 текстови од учесниците од Битола, и Скопје меѓу кои Академик Владимир Костов (во отсуство), Никола Кочовски (во отсуство), Ѓорѓи Прчков (во отсуство), Љубе Митрејчевски, Добре Тодоровски, Елизабета Јончиќ, Петре Димовски (во отсуство), Весна Мундишевска Вејановска, м-р Сања Мучкајева Видановска, Биљана Т. Димко, проф. д-р Христо Петрески (во отсуство), Ванчо Полазаревски (во отсуство), Јован Ѓуровски (во отсуство) и за прв пат, Благој Поповски, Илче Стојановски, Биљана Тодоровска и Николина Ѓуровска (во отсуство) и други на кои не им беа прифатени текстовите.
Во 15. Зборник на излагања сместени се 17 текстови од гореспоменатите автори со нивни портретни фотографии во црно бело. После секој текст стои резиме на англиски јазик, преведени од д-р Николче Вељановски кој е воедно и модератор и организатор на Средбата, како и главен и одговорен уредник на Зборникот.






