Press "Enter" to skip to content

45. Државна изложба на детски ликовни творби, “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ (фото)

Од 07 до 20 декември 2020 година во Фоајето на НУ Центар за култура – Битола се реализира 45. Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

-Најубавите креакции на светот ги создаваат детските очи, бидејки низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност, помагични се… Детската ликовна изложба е еден поттик да инспирираме, да наградиме, да се запознаеме со самите нас и да оставиме нешто трајно, кое ќе говори уште долго… Радоста е голема, бидејки Центарот за култура се исполни со над 1.500 творби од цела земја, а на  самата изложба ќе бидат изложени 64 колекции со 630 детски творби. Од година во година бројот на учесници расте, а со тоа е награден нашиот труд и ентузијазам, Детската изложба инспирирана од народното творештво стана препознатлив знак за крајот на месец мај во нашиот Центар за култура, вели  Маја Андоновска Илијевски Директор на НУ Центар за култура – Битола.Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е воспоставена во 1975 година и во 2020 година го има своето 45-то издание во континуитет. Изложбата која е најстара од овој вид во РС  Македонија, па и пошироко, преку својот творечки континуитет, покажува дека зададената тема поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат свежина и потенцијал.

Тенденцијата да се поттикнат и насочат младите генерации да се запознаат со народната култура за да создаваат дела инспирирани од традицијата но во духот на секојдневието предизвикува голем интерес и творечки порив. Преку реализацијата на изложбата, илјадници деца, заедно со нивните ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетитот народен мозаик.Народни носии, везовите, ткаените изработки, изработките од бакар, сребро и злато, копаничарството, како и многу други делови од материјалното и духовното културно наследство претставуваат цел на детскиот интерес и инспирација. Токму таа активност, истражувањето инспирацијата и креацијата, обезбедуваат континуитет на долгата културна традиција.

Оваа година со свои колекции на изложбата да учествуваа 64 основни училишта од РС Македонија со преку 1.500 творби од кои што најуспешните 630 се изложени пред јавноста. За потребите на Изложбата е напечатен соодветен Каталог, а жири комисијата во состав Панде Петровски – ликовен уметник, Весна Дунимагловска – ликовен педагог и Блаже Павловски – историчар на уметност ги додели традиционалните наградите на најуспешните.Жири комисијата додели 5 (пет) специјална награда за континуирано четири пати по ред добиена награда за најдобра колекција на следните основни училишта:
1. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани л.п. Марија Мицова Гацова
2. ООУ „Гоце Делчев“ Неготино, л.п. Ѓурѓица Андонова
3. ООУ „Б. Миладиновци“ Куманово л.п. Марина Цветановска – Мартиновска нас. Емилија Николовска
4. ООУ „Дервиш Цара“ Долно Палчиште, Боговиње л.п. Мирјета Халили
5. ООУ „Васил Главинов“ Велес, ментор Снежана Стефановска ментор Евица КимоваЖири комисијата додели 10 (десет) награда за најдобри колекции на следните основни училишта и ликовни педагози:
1. ОУ „Гоце Делчев“ Битола л.п. Кристина Стојанова
2. ООУ „Војдан Чернодрински“ Скопје л.п. Маре Мановска
3. ООУ „Димче А. Габерот“ Демир Капија л.п. Валентина Вучиниќ
4. ООУ „Петар Мусев“ Богданци л.п. Георги Петровски
5. ООУ „Јан Амос Коменски“ Скопје л.п. Даниела Андонова
6. ОУ „Наим Фрашери“ Тетово л.п. Јета Сабриу л.п. Мирјета Халили
7. ОУ „Раде Кратовче“ Кочани Нас. Елизабета Зафирова Стојанова
8. ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци л.п. Ристо Јосифовски
9. ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија л.п. Александар Јанев
10. ОУ „Кочо Рацин“ Ивањевци, Лознани л.п. Кирил Т. КонстантинНагради добија менторите Јасмина Мурговска, Ленче Стојановска и Кристина Ристевска

Жири комисијата додели 28 (дваесет и осум) поединечни награди за најуспешните ликовни творби на изложбата
1. Христијан Петровски 7-Б одд ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола
2. Андреа Јовановска 9-А одд. ООУ „Димче А.Габерот“ Демир Капија
3. Мартин Поповски 9 одд. ООУ „Димче А.Габерот“ Демир Капија
4. Иван Милошев 7-2 одд. ООУ „Тошо Велков Пепето“ Кавадарци
5. Надица Апостоловска 8-3 одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани
6. Јана Петковска 8-4 одд. ООУ „Кочо Рацин“ Куманово
7. Ангела Миневска 8 одд. ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола
8. Анастасија Камчева Марија Канчева ООУ „Димката А. Габерот“ с. Ваташа
9. Илија Цуклев 1-5 ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
10. Бојан Шекревски 6 одд. ОУ „Кочо Рацин“ с.Ивањевци, Могила
11. Андреј Керметчиев 8-А одд. ООУ „Војдан Чернодрински“ Скопје
12. Михаил Забрчанец 3-Б одд. ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп
13. Неда Станишиќ 6 одд. ООУ „ Гоце Делчев“ Неготино
14. Милена Димковиќ 9-Г одд. ООУ Магдалена Антова“ Куманово
15. Мартин Стефанов 8-А одд. ООУ „Пере Тошев“ Росоман
16. Вероника Ѓорќеска 8-Г одд. ООУ „Јан Амос Коменски“ Скопје
17. Јудон Мемети 8-2 одд. ОУ „Наум Фрашери“ Тетово
18. Ебру Бајрамова 8-3 одд. ОУ „Раде Кратовче“ Кочани
19. Теодора Јанкулоска 9 одд. ООУ „Кирил и Методиј“ с.Подмол, Прилеп
20. Стефани Стефанова 9-А одд. ООУ „Страшо Пинџур“ Чешиново-Облешево
21. Катерина Костадиновска 8-2 одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово
22. Тодорка Пејовска 9-Б одд. ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци
23. Сандра Биртановска 6 одд. ОУ „Даме Груев“ Битола
24. Ангела Петровска 2-В одд. ОУ „Даме Груев“ Битола
25. Анастасија Бејковска 13 години Атеље „Солак“ – Битола
26. Константин Солак 13 години Атеље „Солак“ – Битола
27. Даниел Шалев – 8 одд. ООУ „Димката А. Габерот“ Кавадарци
28. Евелина Шемова 9-В одд. ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци

More from КултураMore posts in Култура »