Press "Enter" to skip to content

“Пијанофест“ во Битола, иако годинава “он-лајн“ станува нов бредн од светски размери

За прв пат на Балканот, но и пошироко се одржува меѓународен натпревар по пијано со учество на учесници од 19 држави, од 3 континенти во Битола.

Во Битола по втор пат, се одржува меѓународниот натпревар „Пијанофест 2020“, на кој учествуваат 148 натпреварувачи од 19 држави од целиот свет: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Малта, Литванија, Црна Гора, Молдавија, Белорусија, Хрватска, Израел, САД, Романија, Словенија, Јужна Кореа и Косово. 

Натпреварот го организира здружението „Пијано” од Битола, чии основатели се пијанисктите од Битола Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски. 

Оваа година, поради ситуацијата со ковид- 19, натпреварот се одржува  онлајн.

Натпреварувачите ќе бидат оценети од врвно жири во состав: Даница Стојанова – Македонија, Милица Шкариќ – Македонија, Петар Младеновиќ – Србија и Маргарита Вујовиќ – Русија, Србија. 

Во тек се оценувањата на пријавените натпреварувачи од страна на стручното жири, по што, после 20 декември, ќе бидат објавени резултатите и лауреатите. За најдобрите, ќе бидат доделени и парични награди.

“Пијанофест“ е нова успешна приказна за Битола, која го претставува градот и го популизира не само во домашни, туку и во светски рамки.

More from КултураMore posts in Култура »