Press "Enter" to skip to content

Изложба на акварели на Александар Поповски во Центар за култура во Битола

Во фоајето на НУ Центар за култура во Битола беше отворена изложбата на акварени на битолскиот уметник, Александар Поповски, секако со примена на протоколите за заштита од корона вирусот.Изложбата ја отвори директорката на НУ Центар за култура во Битола, Маја Андоновска- Илиевски, а на неа се претставени околу триесетина акварели на Поповски.Акварелите на Поповски датираат од различен период, а од тоа што е прикажано на изложбата, авторот својата испирација ја црпи од просторот кој го опкружува, било тоа да се класични портрети, или луѓе во одредена ситуација, одредени емотивни состојби, до домашни миленичиња или едноставно животни во блиската околина.Александар Поповски е роден  во Битола, дипломирал на ФЛУ во Скопје, отсек градика со графички дизајн, имал самостојна и учествувал на групни изложби во Македонија и странстви, илустрирал книги и списанија во земјата и странство, редовен учесник на изложбите на ДЛУБ.Изложбата на Поповски ќе биде отворена за посета 31 декември 2020 година.

More from КултураMore posts in Култура »