
-Деновиве пред празниците секогаш биле исполнети со дружење насекаде, новогодишните празнувања завршуваа со дочекот на новата година. Се славеше по кафеани, кафичи, дискотеки, ноќни клубови, домови, а секако и на плоштакот “Магнолија во Битола“, започна со своите сеќавања за тоа како беше низ Битола на крајот на 2010 година, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, како додаде во последниот викенд во оваа 2020 година.
-Не сакам да зборувам како помина 2020 година, а денес бидејќи верувам дека секој од нас, во разговор со пријатели, роднини ја коментира годината која изминува, го искажува и стравот како понатаму со пандемијата, се присеќава како беше пред годините, како убаво се дружевме…, вели Миновски.
-Како и во изминатите два-три текста кога се раскажувам за некои убави теми за Битола пред 10 години, како што е насловот на рубликата “Деновиве пред 10 години“ така ќе биде и во денешните сеќавања.
-Пред 10 години битолчани организирано, во голем број, некои спомнаа тогаш и бројки од 10.000 битолчани, на плоштадот “Магнолија“ ја пречекаа новата 2011 година. Битолчани “влегоа“ во новата година со големите хитови на македонскиот пејач Гоце Арнаудов.
-Секако тука беше и Дедо Мраз, а на битолчани нова успешна 2011 година им посака тогашниот градоначалник на Битола, Владимир Талески.











